Пред Лекиќ и Цвијиќ – Нике Грот е „главна ѕвезда“ на фајналфор турнирот

Корнелија Нике Грот е изборот на ракометните фанови ширум Европа за „главна ѕвезда“ на фајналфор турнирот што минатиот викенд се одржа во Будимпешта. Покрај Грот на листата од „трите ѕвезди“ на овој Ф4 турнир се најдоа и две „вардарки“, Андреа Лекиќ и Драгана Цвијиќ, но на крајот сепак пресуди фактот дека Холанѓанката со Ѓер стигна до титулата, во финалето совладувајќи го токму македонскиот првак.

Се вчитува...