Пред мечот на Ливерпул со Црвена Звезда, Клоп со барање и до Партизан

По триумфот на „Енфилд“ од 4-0, Ливерпул го очекува уште еден дуел против Црвена Звезда во Лигата на шампионите, за две недели во Белград.

Пред тој дуел кој ги чека „црвените“ на стадионот „Рајко Митиќ“ во Белград, од таборот на Ливерпул се одлучиле да го контактираат најголемиот ривал на Црвена Звезда, а тоа е Партизан и да го замолат за една услуга.

Клоп сака на 6. ноември неговите фудбалери да одработат еден тренинг на тренинг центарот на Партизан во Земун, па веќе го замолил Партизан за таа услуга иако не е должен да го испочитува тоа. Како што информираа српските медиуми раководството на Партизан го прифатил барањето и тренингот е закажан од 10 до 12 часот на 6. ноември.

Според правилата на УЕФА, клубот гостин има право на еден тренинг на стадионот каде се игра натпреварот. Но, очигледно за Клоп тоа е малку, па сака да го почувствува „духот“ на најголемиот ривал на Црвена Звезда во пресрет на меѓусебниот дуел.

Се вчитува...