Пред осминафиналето во ЛШ: Ливерпул има речиси 50% шанса да патува во Мадрид

Актуелниот европски шампион Ливерпул во осминафиналето oд Лигата на шампионите најголеми шанси има да патува во Мадрид, на двомеч против Реал или Атлетико. Процентот за Ливерпул да се сретне со тимот на Диего Симеоне (22.63%), додека за да игра против најтрофејниот клуб во Лигата на шампионите, Реал е 21.88 отсто.

Најголем процент за дуел во осминафиналната фаза има двомечот Барселона – Челси, два тима кои изминатите петнаесетина години одиграа многу големи мечеви во елитното натпреварување. Интересно е тоа што голем процент, односно 20.88% е дека можно е Кристијано Роналдо со својот Јувентус да се врати во Мадрид, на дуел против „кралевите“.

Тотенхем на Жозе Мурињо, иако заврши на втората позиција на табелата, зад Баерн Минхен најголеми шанси за можен противник во нокаут фазата е да ја добијат Валенсија, која го елиминираше ласнкиот полуфиналист Ајакс. Наполи на нашиот Елиф Елмас најголеми шанси, има да патува во Шпанија, на двомеч против Барселона или Валенсија.

Ждрепката е закажана за в понеделник, а интересен е податокот дека за прв пат во нокаут – фазата се пласираа тимови само од најдобрите пет лиги во Европа (Англија, Шпанија, Италија, Германија и Франција).

 

Се вчитува...