Пред последниот филтер за влез во групите – Кој е со најголеми шанси за освојување на новата сезона од ЛШ!?

Вечерва е последниот филтер од квалификациите за групната фаза во новата сезона од Лигата на шампионите. А, наскоро не очекува и стартот на вистинските возбудувања од најпопуларното спортско натпреварување во светот- Лигата на шампионите на УЕФА… Сето тоа дополнети и со Лига Европа, второто по ранг и важност натпреварување на Европската куќа на фудбалот.

Нескриен е фактот дека од година на година Лигата на европските шампиони добива се поголем број гледачи, благодарение и на се поголемата атрактивност на европските фудбалски гиганти учесници во истата.

По последното квалификациско коло и дефинитивно ќе бидат познати сите учесници во групната фаза, а со тоа и желбите и очекувањата на сите нив. Фудбалската магија почнува повторно оваа есен. Дел од неа почувствувавме и ние во Македонија кога минатата година во Скопје се случи фудбалскиот спектакл УЕФА Суперкупот 2017.

 

Какви се предвидувањата?

Реал Мадрид ги сруши сите традиции, и трипати по ред ја освои Лигата на Шампиони. Јувентус оваа сезона се засили со можеби моментално најзвучното фудбалско име на планетата, Португалецот Кристијано Роналдо. Меѓу главните фаворити се секогаш Барселона, германскиот Баерн Минхен, а тука е и францускиот клуб ПСЖ на катарските  шеици и милијардери, кои секогаш имаат врвни очекувања. Но дали некој друг клуб може да изненади? Секогаш е можно! Дали Манчестер сити може да покаже подолгорочна стабилност и на европско натпреварување. Сезоната во Англија ја започна одлично, и тоа ветува многу. Тешко е да се прогнозира!

Вкупно 32 клуба во осум групи бијат битка за влез во нокаут фазата. ВАР технологијата е воведена, а од оваа година ќе се игра и со нова фудбалска топка. Оваа сезона, од балканските земји, најблиску до пласман во елитните групи се белградска Црвена Звезда (прват по 1992 година) и грчки ПАОК, кои во третото квалификациско коло ќе се борат за понатамошен пласман. Црвена Звезда против австрискиот Салцбург,  додека солунски ПАОК против португалска Бенфика. За македонските љубители на фудбалот сите натпревари од UEFA Лигата на шампиони од сезоната 2018 / 2019 достапни се преку дигиталната телевизија MaxTV.

Директни учесници се 26 екипи, а останатите ќе се добијат преку квалификации кои ќе завршат на 28 и 29 август. Групната фаза стартува на 18. и 19. септември, а финалето ќе се игра на 1. јуни 2019 година во Мадрид, Шпанија.

КЛУБОВИ СИГУРНИ УЧЕСНИЦИ ВО ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ 2018/2019:

Шпанија: Реал Мадрид, Атлетико Мадрид, Барселона, Валенија

Англија: Манчестер сити, Манчестер јунајтед, Тотенхем, Ливерпул

Германија: Баерн Минхен, Борусија Дортмунд, Шалке 04, Хофенхајм

Италија: Јувентус, Наполи, Рома, Интер

Францја: ПСЖ, Лион, Монако

Русија: Локомотив Москва, ЦСКА Москва

Португалија: Порто

Украина: Шахтјор Доњецк

Турција: Галатасарај

Белгија: Бриж

Чешка: Викторија Плзен

Се вчитува...