Пред точно десет години: Кецман погоди „од паркинг“, Цибона се уште има кошмари

Пред точно десет години беше одигран најдраматичниот натпревар во историјата на АБА-лигата, кога Партизан со тројката на Душан Кецман од своја половина славеше со 74-75 на гостувањето против Цибона и се закити со трофејот во регионалното натпреварување.

Марко Томас и Џемон Гордон постигнаа по 31 поени, вкупно 62 од 74-те поени на хрватскиот гигант. Улогата на херој му припадна на сегашниот ас, Бојан Богдановиќ, кој тогаш ја играше првата сезона за Цибона по враќањето од Реал Мадрид. Иако на само 20-годишна возраст, одличниот шутер ја погоди најважната тројка и му донесе водство на домаќинот од 74-72. Се чинече дека е крај, но на семафорот останаа 0,6 секунди, доволно време за топката да стигне до Кецман, кој од својата половина погоди на огромна радост на „црно-белите“ и неверојатен шок за домашните кошаркари и навивачи во преполната „Арена“ во Загреб.

Погледнете ја лудата завршница од тој незаборавен дуел, одигран на 25 април 2010 година…

 

Се вчитува...