Пред ждребот за СП 2018: Нејмар подготвува пуканки, Меси во глава ги врти противниците…

Аргентинецот Лионел Меси, Португалецот Кристијано Роналдо и Бразилецот Нејмар се најголемите фудбалски ѕвезди на денешницата, но ниеден од нив тројца нема освоено светска титула со својата репрезентација. Нова шанса ќе имаат следното лето на СП 2018 во Русија и со голем интерес се очекува утрешната ждрешка за групите.

„Ќе ја следам ждрепката бидејќи после подолго време на тој ден ќе немаме тренинг. Опуштен сум, во главата веќе имам претстава кого би сакал во групата“ – изјави Лионел Меси.

Аргентинскиот фудбалер во дресот на Барселона освои се што можеше да се освои. Но, во дресот на својата репрезентација од поважните титули го има само олимпиското злато од ОИ 2008 во Пекинг. На последните две првенства Копа Америка, Аргентина во финалето беше поразена од Чиле.

Роналдо со репрезентацијата на Португалија има европска титула од последното ЕП 2016 во Франција. На Светските првенства, Португалија во ерата на Роналдо најдалеку стигна на СП 2006 во Германија кога го освои четвртото место.

Некои репрезентации се посилни, некои се послаби, па очекувам избалансирана група. Мирен сум бидејќи знам дека кога ќе дојде време, репрезентацијата ќе биде подготвена. Без разлика кои репрезентации ќе ги добиеме за противници, во секој натпревар ќе одиме на победа“ – вели Роналдо.

Бразил со Нејмар е актуелен олимписки шампион од ОИ во Рио де Женеиро. Од светските првенства има само едно четврто место освоено во 2014 година на мундијалот на кој беа домаќини.

Подготвен сум за ждрепката. Ќе подготвам пуканки и во друштво со семејството и со пријателите ќе го следиме директниот пренос. Убеден сум дека Бразил може секого да победи“ – самоуверенен е Нејмар.

brazil nejmar

Се вчитува...