„Предавникот“ Мурињо: Го сакам Интер, но ако стигне понуда од италијанските ривали воопшто нема да размислувам

По отказот од Тотенхем, Жозе Мурињо сеуште е во потрага по нов клуб, која не оди по посакуваниот пат. Португалецот беше мета на неколку клубови меѓу кои и Селтик и Валенсија, но за искусниот стратег шкотскиот и шпанскиот клуб не се доволно атрактивни понуди па ќе почека на повик од великан од „топ 5“ лигите.

Една од нив е италијанското првенство каде Португалецот го предводеше Интер до големи успехи. Говорејќи за тамошните медиуми, поранашниот тренер на „нероаѕурите“ изјави дека за него нема друг клуб во Италија, но сега ја промени приказната велејќи дека доколку пристигне понуда од голем клуб од Серија А воопшто нема да се двоуми дали да ја прифати.

„Јасно е дека имам специјален однос со Интер, освојував таму се, но доколку стигне понуда од Итлаија да тренирам некој од ривалите, воопшто не би размислил. Ова е професионализам, така гледам на работите и отсекогаш се темелев на тоа“, изјави Мурињо.

Се вчитува...