Предавство: Пет години играше за Реал а сега оди во Барселона!?

Австрискиот дефанзивец Давид Алаба би можел да ја продолжи кариерата во Барселона.

Алаба беше член на Реал Мадрид до пред неколку месеци, но во „кралскиот клуб“ не покажа што се очекуваше од него. Повредите го следеа од моментот кога пристигна во Мадрид, а од можни 257 натпревари за Реал, одигра 130.

Сепак, иако во Мадрид со нетрпение го очекуваа денот кога ќе се разделат со Алаба, неговиот премин во Барселона би било вистинско предавство за навивачите.

И новинарот Екрем Конур, кој важи за човек кој добро го познава трансфер-пазарот, пишува за неговото доаѓање во Барселона.

Тренерот на Барселона, Ханси Флик, добро го познава 34-годишникот од времето поминато во Баерн, а каталонскиот клуб исто така многу ја цени разноврсноста на Алаба, кој може да игра како централен бек или на лево крило.

Алаба е слободен агент, што секако му остава многу отворени опции, а Рома и Лацио се меѓу оние кои наводно се заинтересирани за неговите услуги.

Алаба пристигна во Реал во 2021 година од Баерн, а во својата сениорска кариера играше и за Хофенхајм.

Тој одигра и 117 натпревари за австриската репрезентација и постигна 15 голови.

Се вчитува...