Предлог до ФФМ: Фудбалот како ракометот, Прва лига со 16 екипи

Фудбалски клубови од двете втори и од третите лиги на Македонија испратија заедничко барање до УО на Фудбалската Федерација на Македонија за проширување на елитното друштво од 10 на 16 екипи.

Како причини го наведоа долгиот прекин во натпреварувањето и непостоењето на услови за продолжение на пониските рангови на натпреварување во мак-фудбалот. Притоа, се бара да нема испаѓање од вторите лиги, а трите најдобри и од западната и од источната група да влезат во Првата лига, која наместо сегашните 10, во следната сезона би броела 16 клубови.

Воедно, се наведува дека на сличен чекор веќе се решила Ракометната Федерација на Македонија, барајќи сега истото да го стори и раководството на ФФМ.

Барањето на клубовите од вторите и третите лиги го пренесуваме во целост:

 

Се вчитува...