Предраг Самарџиски се враќа во Македонија – ќе игра за Еуро Никел!

Поранешниот македонски репрезентативец Предраг Самарџиски по сезоната 2018/19 повторно ќе настапи во македонското првенство, но овој пат во дресот на Еуро Никел, потврдија од кавадаречкиот клуб.

Двестаипетнаесет сантиметри високиот центар во редовите на „сино-белите“ доаѓа од втората турска лига каде претходната сезона ги бранеше боите на Мамак. Искусниот Македонец под обрачите ќе го наследи Роберт Рикиќ кој по неколку месеци поминати во Кавадарци се пресели во редовите на МЗТ Скопје.

„Постигнавме договор со Самарџиски и среќни сме што успеавме да го донесеме како засилување. Знаеме за каков играч станува збор и знаеме дека ќе биде од голема помош на тимот во сезоната која следи“, изјави за ЕКИПА, тренерот Горан Самарџиев.

Самарџиски е осми играч кој го засили кавадаречкиот тим ова лето по Андреј Цветковски, Ивица Димчевски, Александар Штерјов, Теодор Атанасов, Џордан Калахан, Бранислав Ѓекиќ и Обрадо Томиќ

Се вчитува...