Предраг Самарџиски се врати во Мега лекс

Предраг Самарџиски повторно ќе заигра за Мега лекс, соопшти клубот на својата официјална веб-страница. Македонскиот репрезентативец во минатото настапуваше за клубот од Сремска Митровица, но одлучи да го напушти на половина сезона и да потпише едногодишен договор со турскиот клуб Бујукчекмече.

Искусниот центар по завршувањето на минатата сезона не го обнови договорот со турскиот клуб и го посвети летниот период, како и почетокот на тековната сезона за рехабилитација на повредата на десното колено.Самарџиски веќе за три дена ќе може да му помогне на својот старо-нов клуб во борбата за опстанок во регионалната АБА лига кога на домашен терен ќе го пречека Задар.

Се вчитува...