Предупредувачка порака до играчите на ПСЖ: „До крајот на сезоната покажете дека го заслужувате овој дрес“

Одличниот почеток на сезоната за ПСЖ, беше засенет со лошата 2023 година. Парижаните испаднаа од Купот на Франција, а подоцна и од Лигата на шампионите, откако беа елиминирани од Баерн Минхен. Сега за ПСЖ остана само титулата во Франција. Во Лига 1 ПСЖ е без конкуренција, но игрите се оние кои ги загрижија челниците на тимот.

Според „Ла Паризиен“, голем број на играчи на тимот добиле предупредувачка порака од спортскиот директор на клубот Лукас Кампос, кој ги предупредил дека имаат уште девет натпревари да покажат дека заслужуваат и натаму да бидат на „Паркот на Принцовите“.

Португалецот наводно објаснил дека ќе нема разлика меѓу „големите и малите“, иако оваа порака не важела за Мбапе, Донарума, Хакими, Маркињос, Данило Переира, Верати и Мендеш.

Изданието додава дека Кампос се надева дека овој ултиматум ќе ги натера играчите целосно да се фокусираат на настапите на теренот. Главни цели наводно биле Витиња, Ренато Санчеџ, Солер, Руиз, Бернат, Екитике и Рамос. Засега не се споменуваат Нејмар и Меси, додека Аргентинецот се чини веќе ги „пакува куферите“ за него „кам-бек“ во Барселона.

Се вчитува...