Предупредување до Вардар: Пик Сегед пак го реши Веспрем

Ракометарите на Пик Сегед испратија јасно предупредување до Вардар дека „црвено-црните“ ќе ги очекува тежок предизвик во четвртфиналето од ЛШ ќе ги очекува тешка задача, откако славеа во денешното финале од Купот на Унгарија над Веспрем со 28-27.

Само за потсетување, Веспрем е единствениот тим што славеше во Скопје во ЛШ во 2019 година, а ракометарите на Пик Сегед со леснотија се справија со избраниците на Давид Дејвис. Конечниот резултат е минимален, но мора да се истакна дека „сино-белите“ водеа цел натпревар. Пик Сегед имаше убедливи 17-10 на полувреме, потоа и 21-14, но Веспрем успеа да се врати, во последните шест минути Штербик не прими ниту еден гол, па „црвените“ дури имаа и напад за израмнување. Сепак, Алиловиќ го запре обидот на Лекаи, па пехарот по пауза од 11 години се сели во витрините на Пик Сегед.

Македа со седум и Бомбач со шест гола беа најефикасни кај победничкиот тим, додека најдобри поединци во таборот на Веспрем беа Наѓ со седум и Лекаи со пет погодоци.

Се вчитува...