Пред вечерашната пресметка меѓу Вардар и Зенит од Лигата на Европа во Скопје, од рускиот клуб се појавија со соопштение во кое ги повикуваат своите навивачи да не одат сами кон националната арена „Филип Втори“.
Веќе подготвени се инструкции, според кои руските навивачи мора да се собираат на плоштадот пред хотелот „Стоун Бриџ“ во центарот на градот од каде заеднички ќе се упатат кон „Филип Втори“. Според најавите се очекува меѓу 200 и 300 руски навивачи вечерва да се најдат на Источната трибина на нашиот најголем стадион.
Но, интересно, поради добро познатата проблематичност на руските навивачи, од канцеларијата на Зенит повикаа во меѓувреме, пред стадионот, и македонските навивачи да не се впуштаат во евентуален „костец“ со фановите од Санкт Петербург.
И Вардар и Зенит се едногласни дека е неопходно фер и коректно навивање на дуелот, но и вистинско спортско однесување, и пред и по натпреварот. И на двата тима не им се неопходни инциденти поради кои подоцна би следеле евентуални несакани казни од УЕФА.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА