Преговори за Мане: Баерн со прва понуда, во Ливерпул навредени…

Баерн Минхен се обидува што поскоро да ја заврши работата со комплетирањето на трансферот на Садио Мане, но преговорите со Ливерпул воопшто не се одвиваат онака како што посакуваат челниците на баварскиот гигант.

Хасан Салихамиџиќ ја доставил првата понуда за сенегалскиот голгетер, со која воопшто не направил чекор напред во преговорите. Британските медиуми обелоденија дека Баерн понудил само 25 милиони фунти за голгетерот од светска класа, сума што Ливерпул не сакал ни да ја разгледа, па експресно ја одбил понудата. „Црвените“ биле навредени што Баерн толку ниско ја проценува вредноста на одличниот голгетер, па во преговорите воопшто не навеле колку очекуваат за Мане, што се оценува како знак дека сумата што Ливерпул ја бара е предалеку од она што Баерн првично го понудил.

Сенегалецот има уште една година од актуелниот договор, Ливерпул сака да му излезе во пресрет и да го продаде, но само доколку доби понуда што англискиот клуб ќе ја смета за коректна. Во ситуација кога нов голгетер ќе бара и ПСЖ, но и уште неколку европски гиганти, „црвените“ се убедени дека можат да заработат многу повеќе од она што Баерн го наведе во првата понуда, па многу лесно може да се случи Мане наместо на „Алијанц Арена“ да се пресели во друг европски гигант.

Се вчитува...