Преговорите во завршна фаза, Јаневски пред промоција во АЕЛ

Чедомир Јаневски многу веројатно ќе биде новиот тренер на кипарски АЕЛ. Екс македонскиот селектор и поранешен тренер на неколку екипи во Кипар, треба во следните часови да биде промовиран во нов тренер на овој тим, во кој настапуваат Кире Ристевски и Давор Здравковски.

Јаневски во моментов е под договор со федерацијата на Јужна Африка каде што е асистент, и тоа е единствената пречка до договор. Јаневски во моментов преговара за раскин на договорот со федерацијата, за да може да отпатува до Кипар и да биде промовиран на клупата на АЕЛ. Договорот би бил до летото 2023 година. Наводно двете страни веќе биле договорени за соработка, останува само Јаневски да стане „слободен“, односно да не биде под договор со Јужна Африка.

Чеде Јаневски веќе работеше на Кипар, во екипите на Енозис, Етникос и Олимпијакос Никозија, така што кипарската лига не му е непозната.

Се вчитува...