Прекин на дербито Работнички – МЗТ Скопје

Големото дерби меѓу Работнички и МЗТ Скопје беше прекинато во третата четвртина, поради инциденти на трибините.

Судиите неколку пати бараа навивачите да бидат опоменати, арбитрите беа плукани од трибините, за во 24. минута да донесат одлука мечот да биде прекинат. Работнички доминира во досегашниот дел од натпреварот и заслужено води со убедливи 55-42, на нешто повеќе од шест минути игра до крајот на третата четвртина.

Откако се повлекоа во соблекувалните, официјалните лица сепак решија мечот по околу пет минути пауза да продолжи, како последна опомена за подолга пауза на овој дерби натпревар.

Се вчитува...