Прекината неверојатната серија на Никола Митревски и Порто

Ракометарите на Бенфика направија вистински подвиг откако во дербито на португалското првенство го совладаа Порто со 36-33, прекинувајќи ја неверојатната серија од 60 победи на „сино-белите“ на португалската ракометна сцена.

Порто дури 71 меч не знаеше за пораз во домашното првенство, но Никола Митревски и соиграчите вечерва беа принудени да му честитаат на поквалитетниот противник. „Сино-белите“ заминаа на одмор со предност од еден гол, но Бенфика заигра далеку подобро во второто полувреме, направи пресврт и ја прекина одличната серија на тимот на Митревски.

Последниот пораз на Порто на домашната сцена беше исто така од Бенфика, на 29 мај 2019 година со резултат 31-34. Последниот меч на кој Порто немаше забележано победа во португалското првенство беше дербито со Спортинг на 16 ноември 2019 година (израмнети 29-29).

Трката за титулата стана суперинтересна по овој резултат, сега првопласиран е Спортинг со 49 бода, Порто е втор со 46 бода и меч помалку од лидерот, додека Бенфика е третопласирана со 41 бод и две одиграни средби помалку од Спортинг.

Се вчитува...