Прекрасен гест: Алфредо Кинтана ќе добие книга со наслов „Извонредниот воин“

Прерано починатиот Португалец со кубанско потекло, Алфредо Кинтана ќе добие книга во своја чест насловена „Алфредо Кинтана: Извонредниот воин“. Истата е веќе подготвена, а нејзината промоција се очекува во средина на септември.

Истата е напишана од страна на новинарите Ана Филипа Гомез и Руи Гимараеш кои имале помош од семејството, пријатели и поранешнтие колеги и тренери на „чуварот на мрежата“ и во истата ќе бидат опфатени неговиот живот и кариера.

Како потсетување, 33-годишниот Кинтана ја загуби најважната битка во болница откако за време на тренинг доби срцев удар.

Се вчитува...