Прекрасен гол на Тодоровски од слободен удар… (ВИДЕО)

Младинскиот репрезентативец Тодор Тодоровски запиша викендов прекрасен погодок од слободен удар за вториот тим на Осијек во пресметката против Сесвете.

 

Тодоровски очигледно во одлична форма од денеска се јавува на подготовките на младата репрезентација која овој месец ја очекуваат квалификациските натпревари против Шпанија во Алкоркон и потоа против Фарските Острови, повторно на гостински терен.

Се вчитува...