Прекрасен гол на Валон Етеми за Истанбулспор пред дебитантското доаѓање на репрезентативниот собир

Новопечениот македонски репрезентативец Валон Етеми го запиша својот прв погодок во новата сезона во дресот на Истанбулспор.

Во 12. коло од шампионатот на втората турска лига, Етеми постигна прекрасен погодок во 34. минута на дуелот против Менеменспор, со шут од 16 метри за водство од 1-0 на својот тим.

На полувремето Истанбулспор има предност и од 2-0. Тимот на Етеми сезонава се бори за промоција во Првата турска лига следната сезона.

Валон Етеми доби дебитантски повик од селекторот Благоја Милевски за приклучување на репрезентацијата на последните два квалификациски натпревари за пласман на СП 2022. Претходно Етеми од Милевски беше повикан и на селективен камп за младата селекција, а 24-годишниот крилен офанзивец сега за првпат добива повик и за настап во сениорската репрезентација.

Се вчитува...