Прекрасни вести: Вимблдон пред полн стадион од четвртфиналето

Централниот терен и теренот број „еден“ од комплексот „Ол ингланд“ ќе биде потполно отворен за гледачите од четвртфиналните дуели, потврдија организаторите на Вимблдон.

„По успешната организација на натпреварите во првата недела од Вимблдон, во согласност со договор со Влдата и консултација со локалните власти, со задоволство потврдуваме дека Централниот и теренот број „еден“ во полн капацитет ќе бидат отворени за гледачите од четвртфиналето. Покрај тоа гледалиштето на Централниот терен ќе биде со 100 отстотна пополнетост и за натпреварите од полуфиналето и финалето“, стои во соопштението.

Се вчитува...