Премиер-лигата нема да му дозволи на Клоп да го исполни сонот

Јирген Клоп успеа по 30 години да му донесе на Ливерпул титула во Премиер-лигата. „Црвените“ трофејот за најдобриот во сезоната ќе го кренат утре по мечот со Челси. Некои од медиуми сугерираа дека некој период од мечот би требало Клоп да добие шанса на теренот како би се повторила ситуацијата од 1990 кога Кени Далглиш беше и тренер и менаџер на клубот и доби шанса и во последниот натпревар.

„Не нема шанси тоа да се случи“, накратко изјави Клоп. 

На Челси утре ќе му бидат значајни бодовите бидејќи до крајот се бори за едно од местата кои следната сезона водат во Лигата на шампионите.

Се вчитува...