Премиер-лигата потврди еден позитивен случај на коронавирус

Премиер-лигата дека едно лице е позитивно на коронавирус во 13-рунда на тестирање. Премиер-лигата направи 2071 тест од кој само еден се покажа како позитивен. Тие беа тестирани во периодот од 6. до 12. јули. Покрај фудбалерите дел од тестирањето беа и стручните штабови како и вработените во клупските простории. Името на заразениот нема да биде објавено како би се задржала неговата приватност и затоа не се знае дали заразен е некој фудбалер или член на клубот.

Претходното тестирање кое беше извршено во периодот од 29. јуни до 5. јули беа спроведени 1.973 теста, но не беше забележан ниту еден позитивен случај.

 

Се вчитува...