Премиерлигашите ќе го враќаат стариот преоден рок

Одлуката преодниот рок во Премиер-лигата да биде скратен до почетокот на шампионатот, во прв момент можеби изгледаше револуционерно, но само еден месец по затворањето на трансфер-периодот, клубовите сакаат да го вратат старото решение, играчи да можат да се купуваат до 31.август.

Според британските медиуми, клубовите заклучиле дека со новото решение всушност ништо не постигнале. Затоа челниците на највлијателните клубови ќе прават одбид да се врати претходното решение. Состанок е закажан веќе за крајот на овој месец. За да се врати стариот термин за преодниот рок потребно е еден клуб да го изнесе предлогот, а најмалку 14 клуба да го поддржат. Ако овие услови бидат исполнети, раководството на Премиер-лигата ќе мора да го укинат постоечкото правило.

Како една од главните причини за ваквата одлука е начинот на кој работеа клубовите од другите земји. Впрочем, тие чекаа да биде затворен трансфер-прозорецот во Англија за да можат да купуваат по пониски цени. Претставниците на премиерлигашките клубови велат дека во актуелната ситуација не се можност да реагираат во случај на повреда на одреден играч, а не можеа ниту да купуваат ако заклучат некој фудбалер не им се вклупува во системот.

 

 

 

Се вчитува...