Премиите легнаа, а за бонус од претседателот – гумени бонбони (фото)

Раководството на КФСМ денеска им ги подели премиите на кошаркарите кои учествуваа во последниот квалификациски циклус. Перо Антиќ го исполни ветувањето на неговиот претходник Петар Наумоски, а Антиќ пред денешниот тренинг им подели и „бонуси“ на дел од кошаркарите – во вид на гумени бонбони.

Видно расположен, првиот човек на „куќата на кошарката“ разговараше со селекторот Тодоров и дел од помошниците во стручниот штаб, а потоа мина десетина минути и во „дружба“ со дел од репрезентативците.

Понудени со гумени бонбони беа Американецот Витингтон и младиот Јакимовски. Ајде одбиј го претседателот ако смееш.

Се вчитува...