Премија од ФФМ: Фудбалерите и стручниот штаб ќе поделат 500.000 евра

Фудбалската федерација на Македонија информираше официјално дека ќе подели награда во вкупна висина од 500.000 илјади евра како парична награда за фудбалерите и стручниот штаб за освоеното прво место во групната фаза од лигата Д во Лигата на нациите.

Македонската репрезентација се пласираше во плеј-оф фазата за пласман на Европското првенство со што дојде до одлична можност за првпат во својата историјата да го види собирот на најдобрите на Стариот континент.

Македонија освои 15 бода во својата група во конкуренција на Ерменија, Лихтенштајн и Гибралтар.

Се вчитува...