Преминува во навика – Кога Елмас стартува, Наполи победува (ВИДЕО)

Во одлично расположение Наполи ќе ја пречека Барселона во првиот натпревар од осминафиналниот двомеч во Лигата на шампионите, откако избраниците на Џенаро Гатузо по пресврт триумфираа над Бреша со 1-2 во премиерниот натпревар од 25. коло во италијанската Серија А. Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас повторно беше стартер, а веќе преминува во навика Елмас кога ќе стартува Наполи да дојде до три бода.

Гостите поведоа со голот на Чанселор во 26. минута, резултат со кој се замина на полувреме. Наполитанците одлично го стартуваа вториот дел и за само девет минути игра успеаја да направат целосен пресврт. Прво Инсиње во 49. минута од пенал израмни на 1-1, додека вредни три бода донесе Фабијан Руиз во 54. минута. Нашиот Елмас во 75. минута беше заменет, а на негово место влезе Зјелински.

Standings provided by Sofascore LiveScore

Се вчитува...