Препорака на ФА: Нема фудбал за време на погребот на принцот Филип

Англиската фудбалска асоцијација денес издаде соопштение во кое се наведува дека, по консултациите со Владата, дадена е препорака да не се игра фудбал во недела, за време на погребот на принцот Филип.

Принцот Филип, војводата од Единбург, ќе биде погребан во сабота на 17 април, а препораката на Фудбалскиот сојуз е тој ден да не се игра фудбал во периодот од 15:45 до 17:15 часот и да се помести распоредот на натпреварите во согласност со оваа препорака.

Во согласност со оваа одлука, беше потврдено дека полуфиналниот натпревар во ФА купот помеѓу Челси и Манчестер Сити на „Вембли“ ќе се игра според претходниот план бидејќи е закажан за во 18:30 часот. Натпреварот од четвртото коло на ФА Купот за жени помеѓу Манчестер Сити и Астон Вила е одложен и ќе започне напладне.

Доколку клубовите не можат да се договорат за нов датум, и има потреба тој да биде променет, одлуката ќе ја донесе ФА.

„Нашите мисли се со кралицата, војводата од Кембриџ, кој е наш претседател и целото кралско семејство во овој тажен период“, се додава во соопштението.

Се вчитува...