Препородениот Пелистер си поигра со Гостивар, Куманово по продолженија подобар од Еуроникел

Љупчо Малинков стартуваше со победа на клупата на Пелистер. Стратеготот во својот прв натпревар како предводник на битолскиот клуб го совлада Гостивар со 89-79. Одличната игра по промената на стратегот кошаркарите на Пелисетер ја покажаа уште во првото полувреме во кое постигнаа неверојатни 56 поени и на пауза заминаа со огромна предност од плус дваесет и седум (56-29). Во третиот период продолжи одличната игра на Битолчани, кои по три четвртини ја имаа и најголема предност на мечот од плус триесет и три (77-44). Во последниот период дојде големо опуштање кај домаќините, по кое гостите успеаја да стигнат до пристоен пораз од 89-79. Цветковски со 20 и Казарновски со 17 поени беа најефикасни кај Пелистерци, додека кај Гостивар се истакна Димчевски со 23 поени.

Куманово на домашен терен во крајно неизвесен меч го совлада Еуроникел со 86-85. Натпреварот почна неизвесно, игра во која за нијанса подобро се снајдоа домаќините кои на првата пауза отидоа со минимална предност од 21-20. Добрата од крајот на првата четвртина ја пренесоа и во вториот период, а на полувреме заминаа со предност од 42-36. Во вториот дел гостите заиграа подобро. Третата четвртина ја добија со три поени разлика, а по 30 минути резултатот на семафорот изнесуваше (65-62). Неизвесноста продолжи и во последните 10 минути во кои гостите успеаја да анулираат негативата и да го однесат мечот во продолжение (79-79). Во продолженијата за нијанса беа подобри домаќините кои стигнаа до триумф од 86-85. Младеновиќ со дабл-дабл учинок од 22 поени и 10 асистенции беше најдобар поединец кај победникот, додека Атанасов уфрли 19 поени. Кај поразените Марзет имаше 19 поени, а Петровски 15.

Се вчитува...