Прерано е за Енди Мареј да му се врати на тенисот на Вимблдон

Британскиот тенисер Енди Мареј нема да се појави на годинашното издание на Вимблдон. Неговата кариера беше доведена во прашање по операцијата на колкот и на грбот, но тој најави дека има желба да му се врати на професионалниот спорт или барем уште еднаш да заигра на тревниците на Вимблдон. Сепак, враќањето нема да оди така лесно.

„Секако дека ние би сакале Енди Мареј да биде присутен на Вимблдон. Но, тоа зависи од него. Енди самиот си ја има судбината во свои раце. Ако Мареј каже дека е подготвен, ние секако ќе соработуваме и ќе му овозможиме да биде дел од турнирот“, изјави директорот на гранслем турнирот Вимблдон, Ричард Луис.

Годинашното издание на Вимблдон ќе се одржи од 1 до 14 јули на терените на Ол Ингланд клуб во Лондон.

Се вчитува...