Во единаесеттата епизода на спортскиот подкаст „ПРЕСИНГ“ на ЕКИПА првпат со нас најтрофејниот македонски спорстист на сите времиња, легендарниот Шабан Трстена.
Олимпискиот шампион од ЛОИ 1984 во Лос Анѓелес и олимписки вицешампион од ЛОИ 1988 во Сеул, освојувач на вкупно 19 медали од олимписки, светски и европски првенства, и Спортист на Југославија за 1984 година а седум пати прогласуван за Спортист на Македонија во историјата, во отворен разговор за својот живот но и професионална кариера.
Како дете од едно сиромашно семејство од Скопје на само 17 години дојде до бронза од Светско првенство, а на само 19 години и до олимписки шампион од Лос Анѓелес 1984, останувајќи и денес, после речиси 42 години со рекордот на најмлад освојувач на олимписко злато во историјата на борењето.
РАЗГОВОРИ ЗА…
- Какво е чувството и после речиси 42 години, се уште да го држи рекордот за најмлад освојувач на златен медал во борење на Олимписки игри
- За неговото детство, за идолот Мохамед Али кој бил негова „водач-мотиватор“ на патот до успесите
- Макотрпниот пат на едно детенце, во сиромашно семејство со вкупно девет деца, кое живеејќи го сонот успеа да дојде до спортските височини
- За забраната од неговиот татко да спортува, тајното тренирање, и на крај емотивната приказна за помирувањето со неговиот татко по освоениот златен медал во Лос Анѓелес 1984
- Како на само 17 година стигна до бронзата на Светското првенство во Канада, а потоа на само 19 години стана најмлад освојувач во историјата на златен медал на Олимписки игри
- Македонија на ЛОИ 1984 во Лос Анѓелес имаше дури пет спортисти со освоен медал. На едни олимписки игри со пет медали, а потоа цели 35 години во независноста со само два освоени медали
- Каде погрешивме потоа, зошто спортовите кои ни носеа успеси како борењето и боксот сега ги загубивме?
- За освоеното признание – Спортист на Југославија во 1984 година. Единствен спортист од Македонија, заедно со Шабан Сеидиу, кои биле прогласени за спортисти на Југославија во историјата
- Македонија, федерациите и спортистите сега имаат далеку подобри услови од оние неговите за работа, има многу повеќе финансиски средства кои ги добиваат од Министерството за спорт и од општините, но вистинските резултати изостануваат
- Како дојде до идеја да доделува „Златни олимписки оскари“ на спортски работници, медиуми и спортисти
- За изработката на сопствената биографија „Патот на олимпискиот шампион“
ГЛЕДАЈТЕ….
ГЛЕДАЈТЕ ГИ И ПРЕТХОДНИТЕ ЕПИЗОДИ НА ПОДКАСТОТ „ПРЕСИНГ“ НА СЛЕДНИОТ ЛИНК
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

