„ПРЕСИНГ“ со ВЛАДО ИЛИЕВСКИ: За новата функција во мак-кошарката, за блескавата кариера, за лошите и добрите луѓе, за Литванија, за семејството! (ВИДЕО)

СЕДУМНАЕСЕТТАТА ЕПИЗОДА ОД СПОРТСКИОТ ПОДКАСТ НА ЕКИПА – „ПРЕСИНГ“ го носи едно од најголемите имиња на македонската кошарка во историјата, но и човекот кој ги постигна поените за најголемиот успех на македонскиот екипен спорт во историјата – ВЛАДО ИЛИЕВСКИ!

ОТВОРЕН РАЗГОВОР ЗА СЕ ВО МАКЕДОНСКАТА КОШАРКА…. За новата негова функција во Кошаркарската федерација и актуелните состојби во А-репрезентацијата, но и за оние славни денови од Литванија 2011, за неговата славна кариера и моментите со Барселона и Светслав Пешиќ, за актуелниот момент во Словенија и неговиот живот таму, но и за неговото семејство!

РАЗГОВОРИ ЗА…

• За моменталната состојба во мак-кошарката и новата негова функција како една од клучните фигури во федерацијата
• За семејството и причините за преселбата во Словенија
• За блескавите моменти што ги имаше како играч…., суперталент на почетокот од кариерата, а потоа и незаменлив дел од европските кошаркарски гиганти
• За моментите на преселба, како тинејџер, од Струмица во Белград… За адаптацијата во клуб како Партизан…
• Неверојатна играчка кариера, меѓу другото и како член на Барселона во друштво на Бодирога, а под тренерска палка на Светислав Пешиќ. Каква беше соработката со нив двајца… Навистина ли е Бодирога „бог на кошарката“ како што го нарекуваа во Србија…?
• На крајот од кариерата назад во Македонија, и тоа во Работнички. Дали можеби имаше понуда од МЗТ во тој период?
• Како да ги вратиме младите повторно на кошарката, и овој спорт повторно да биде број еден во Македонија
• За спортот во Словенија, и како една така мала земја успева до сите тие спортски успеси?
• За историското „Леле луѓе што направивме“, и деновите на феноменалниот успех на ЕП во Литванија во 2011 година
• Какви се шансите да ја видиме Македонија на Евробаскет 2029? Од што ќе биде Владо Илиевски задоволен како реализација во македонската кошарка по четири години?

ПОДКАСТОТ „ПРЕСИНГ“ ГЛЕДАЈТЕ ГО ВО МОМЕНТОВ ТУКА…

============================================

МОЖЕ ДА ГИ ПОГЛЕДНЕТЕ НА НАШИОТ ЈУТЈУБ КАНАЛ И ПРЕТХОДНИТЕ 13 ЕПИЗОДИ НА „ПРЕСИНГ“

Се вчитува...