Преслатко: Детенце втрча на теренот – кошаркар на Партизан му помогна да постигне кош (ВИДЕО)

Партизан стигна и до втората победа во Еврокупот откако „црно-белите“ на домашен терен беа убедливи против Турк Телеком со 85-59. Кошаркарите на Жељко Обрадовиќ доминираа на теренот, но друга ситуација го одбележа натпреварот.

Имено, при контра напад и прекршок над Аврамовиќ по кој следеа два слободни фралања топката стигна до мало детенце кое се најде во центарот на вниманието. Притоа се стрча на теренот со цел да постигне кош, а во таа намера му помогна кошаркарот на „црно-белите“ Алан Смаилагиќ на воодушевување на публиката.

Се вчитува...