Пресметка за врвот: „Лавовите“ атакуваат на „престолот“ на Шкендија

Директна пресметка за врвот во македонскиот фудбал. Шкендија денеска од 13 часот во 14. коло од Првата македонска фудбалска лига ја пречекува Македонија ЃП во битката за „престолот“ во елитното друштво.

Сосема е јасно дека Шкендија ја носи фаворитската улога, но извонредните изданија на „лавовите“ на Жикица Тасевски сезонава ветуваат повеќе од интересна претстава под Шара.

„Кога играат првиот и вториот тим во лигата натпреварот мора да биде добар и незивесен. Не сакам да трошам заборови за тимот на Шкендија за кој сите знаеме колку е квалитетен. Буквално на секоја позиција имаат минимум по двајца квалитетни фудбалери, а предводени се од најдобриот фудбалер последната деценија во домашниот шампионат, Бесарт Ибраими. Очекувам убав и отворен натпревар. Ние нема да се браниме и ќе се обидеме со гол повеќе да стигнеме до бодови“ – вели Тасевски.

ПРВА ЛИГА – 14. коло (денеска, 13 ч.)

Тетово: ШКЕНДИЈА – МАКЕДОНИЈА ЃП

Скопје: РАБОТНИЧКИ – ПЕЛИСТЕР

Кратово: СИЛЕКС – ВАРДАР

Струмица: АК. ПАНДЕВ – РЕНОВА

Скопје: ШКУПИ – БЕЛАСИЦА

Велес: БОРЕЦ – СТРУГА ТЛ

Се вчитува...