Пресврт: Барса добива конкуренција, Челси се вклучува во трката за Левандовски

Роберт Левандовски најверојатно ќе го напушти Баерн Минхен ова лето, а сега во трката за неговиот потпис се приклучи и Челси.

Левандовски одби да го продолжи договорот со Баварците и јавно потврди дека сака да ја промени средината. Баерн иако негира, сепак е свесен дека може да го загуби напаѓачот следното лето без обештетување и е спремен да го продаде ова лето.

Барселона се споменуваше како најсериозен кандидат за неговиот потпис, но сега во трката се вклучи и Челси. Тухел би сакал да го има во својот тим, но најголемиот проблем е што мора прво да се ослободи од Ромелу Лукаку.

Трансферната сума нема да биде проблем за „сините“, бидејќи новиот газда ќе издвои голем буџет за засилувања ова лето.

 

Се вчитува...