Пресврт: Јовиќ добива шанса од Карло Анчелоти и останува во Реал Мадрид

Лука Јовиќ во 2019 година го оствари трансферот од сништата кога за 60 милиони евра премина од Ајтрахт во редовите на Реал Мадрид, меѓутоа српскиот интернационалец со него не успеа да ја понесе и одличната форма која ја прикажа во германскиот тим.

Сега 23-годишникот одигра вкупно 33 натпревари за „кралскиот клуб“, но забележа само два гола и две асистенции. Притоа Јовиќ експресно отпадна од составот, следеше и позајмица назад во клубот од Франкфурт по што се чинеше дека неговата епизода на „Сантијаго Бернабеу“ е завршена.

Јовиќ ова лето беше поврзуван со трансфер во редовите на Интер, но младиот напаѓач сепак ќе добие втора шанса во Реал Мадрид, пренесува шпанскиот медиум „Ас“. Новиот стратег на клупата на „белите“, Карло Ангечоти во Србинот гледа опција од клупата како замена за Карим Бензема кој вчера и официјално ја продолжи соработка со „белите“ до 2023 година.

Се вчитува...