Пресврт на „Олд Трафорд“ – Пол Погба потпишува нов договор со Јунајтед

Пол Погба потпишува нов петтгодишен договор со Манчестер Јунајтед, пренесуваат англиските медиуми. Иако веќе подолго време се шпекулираше дека Погба на крајот на сезоната ќе го напушти „Олд Трафорд“, сепак одличните игри по рестартот на сезоната и хемијата која што ја има со Бруно Фернандеш, го натера Французинот да остане во Јунајтед и следните пет години.

Преговорите меѓу двете страни се веќе почнати и се очекува по завршувањето на тековната сезона договорот да биде официјализиран. Пол Погба во Манчестер Јунајтед се врати во 2016 година. Од тогаш тој за „црвените-ѓаволи“ запиша 105 настапи на кои постигна 25 гола.

Се вчитува...