Пресврт на повидок: ПСЖ го врати Мбапе во првиот тим!

ПСЖ од денеска го врати Килијан Мбапе на тренинзите во првиот тим, и тој може да биде во комбинација за следните натпревари. Ова значи дека „светците“ дошле до договор со напаѓачот, кому му нудат продолжување на соработката, но и клаузула во договорот за откуп на заинтересиран клуб во 2024 година.

ПСЖ откри дека имале позитивни разговори со Мбапе пред дуелот со Лориен, и затоа е овој чекор.

„После многу конструктивните и позитивни разговори помеѓу ПСЖ и Мбапе пред натпреварот со Лориен, фудбалерот е вратен на тренинзите на првиот тим утрово“, стои во соопштението на ПСЖ.

Со тоа веројатно ќе дојде до договор помеѓу двете страни за „помирување“, откако Мбапе во изминатите седмици одбиваше да го продолжи договорот со ПСЖ кој му истекуваше во 2024 година, а клубот се реши да го суспендира.

Се вчитува...