Пресврт на Швјонтек, Рибакина се предаде

Моментално светската тенисерка број 1 Ига Швјонтек, се пласираше во 1/4 финалето во Синсинати. Полската тенисерка мораже да се задржи повеќе на теренот, односно повеќе од два часа, откако со пресврт ја совлада Чинвен Џенг од Кина со 3-6, 6-1, 6-1.

После првиот сет кој го доби кинеската тенисерка, во вториот и третиот сосема поинаква приказна од Швјонтек.

Ига во 1/4 финалето ќе игра против шампионката од Вимблдон, Маркета Вондрушова која ја совлада Слоун Стивенс со 7-5 и 6-3.

Во четвртфиналето ќе игра и Каролина Мухова која беше подобра од Марија Сакари. Мухова ќе игра со победничката од дуелот Бузкова – Пегула. Меѓу најдобрите осум место најде и Јасмин Паолини. Таа се пласираше во следната фаза благодарение на предадениот меч на Јелена Рибакина.

Се вчитува...