Атлетико Мадрид ја продолжи победничката низа во Ла Лига откако во 8. коло славеше на домашен терен против Кадиз со 3-2 по целосен пресврт.
Натпреварот го отвори Лукас Пирес со гол во 12. минута, а веќе во 27. минута на семафорот стоеше предност од 0-2 за гостите по голот на Марти. Кореа ја намали негативата на 1-2 во 32. минута, а Кадиз ја задржа предноста на полувремето.
Молина донесе изедначување веќе во првата минута од второто полувреме, а за целосен пресврт се погрижи Кореа со гол во 66. минута.
¡RE-MON-TA-DA! ❤️🤍 pic.twitter.com/ZXFYMAt2KC
— Atlético de Madrid (@Atleti) October 1, 2023
На победа се радуваше и Бетис кој со 3-0 славеше против Валенсија. Диао, Рока и Езалзули стрелаа во 41, 46 и 85. минута за значајни три бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА