Хрватскиот тренер Игор Тудор беше главен кандидат за преземање на Наполи. Последните денови се шпекулираше дека двете страни веќе се договриле, за вчера изненадувачки Валтер Мацари да се врати на клупата на Наполи после 10 години.
Меѓутоа француските медиумите пишуваат дека Тудор ќе биде тренер на актуелниот италијански шампион, но од летото 2024 година, и дека Мацари е само привремено решение.
Наводно Тудор и Де Лаурентис си подале рака, но Хрватот инсистирал да го преземе тимот следната година, што го натера претседателот на Наполи да донесе привремено решение, а изборот падна на 62-годишниот Мацари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА