Пресврт во Париз: ПСЖ размислува за продажба на Нејмар

Бразилскиот интернационалец Нејмар му дојде преку глава на раководството на Пари Сен Жермен. Тој многу често се повредува, пропушти голем дел од минатата сезона, а најновата информација на „Л’Екип“ вели дека веќе потрошил најголем дел од кредитите на „Паркот на принцовите“.

ПСЖ сериозно размислува за продажба на Нејмар доколку пристигне примамлива понуда. Неговата вредност е намалена по последните повреди и скандали и се проценува на околу 180 милиони евра. Тој од Барселона дојде за рекорден трансфер од 222 милиони евра.

Се вчитува...