Рафаел Леао дефинитивно ќе си замине од Милан, но негов нов клуб ќе биде Галатасарај, а не Астон Вила иако во текот на вчерашниот ден беше најавено дека англискиот премиерлигаш ја добил трката по португалскиот крилен офанззивец.
До пресврт „во пет до дванаесет“ дојде по најновата понуда на Галатасарај, откако турскиот првак реши да му даде плата на Леао од еден милион евра месечно или загарантирани 12 милиони евра по сезона. Нето-платата во понудата на Астон Вила беше над 30% пониска, па откако премиерлигашот одби да ја израмни сумата од Галатасарај, Леао донесе и дефинитивна одлука – турскиот првак да биде негова следна дестинација во кариерата.
Крилниот офанзивец веќе во текот на утрешниот ден ќе пристигне во Истанбул, каде по лекарските прегледи ќе потпише петгодишен договор со „црвено-жолтите“.
Како што е веќе договорено, Милан ќе заработи загарантирани 45 милиони евра од продажбата на португалскиот фудбалер, плус дополнителни седум милиони ако се активираат одредени клаузули поврзани со бројот на голови и одиграни натпревари на Леао за новиот клуб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
