Пресврт во последен час: МЗТ го купува Робев пред Еуро Никел

Дамјан Робев е еден од најпосакуваните кошаркари во текот на летово, откако по одлуката за заминување од Куманово македонскиот репрезентативец доби понуди од голем број прволигаши.

Се чинеше дека неговата преселба во Еуро Никел е завршена работа, но последните информации велат дека Робев нема да се пресели во Кавадарци, туку ќе се врати назад во Скопје, и таборот во таборот на шампионот МЗТ Скопје. Актуелниот шампион меѓу последните се вклучил во трката по квалитетниот бек, но испратил интересна понуда што Робев би требало да ја прифати во наредните денови.

Еден од главните адути на „металците“ е тренерот Дарко Радуловиќ, кој соработуваше со Робев во Вардар и кој би сакал да го има овој кошаркар во својот тим за наредната сезона.

Се вчитува...