Пресврт за Ди Марија: Наместо „шут-карта“, Тухел му даде нов договор

Анхел ди Марија беше еден од првите за кои се најавуваше дека летово ќе си заминат од ПСЖ, во обид францускиот првак да ги задоволи правилата за финансиски ферплеј. Не само што тоа не се случи, туку Аргентинецот го убеди Томас Тухел во своите квалитети, наметнувајќи се како еден од клучните играчи во средниот ред, па германскиот стратег наместо „шут карта“, сега за Ди Марија подготви нов договор.

Како што јавува весникот „Паризиен“, на маса е ставена понуда со која Ди Марија ќе остане во Париз до 2021 година, а притоа ќе добие и зголемување на платата. Желбата да се стане европски првак како дел од овој проект на ПСЖ е голема, па се очекува аргентинскиот репрезентативец да ја прифати понудата и веќе во текот на следниот месец и официјално да го потпише новиот договор со „светците“ бидејќи стариот му истекува на крајот од оваа сезона.

Ди Марија пристигна во ПСЖ во 2015 година од редовите на Манчестер јунајтед, по неуспешната авантура во дресот на „црвените ѓаволи“.

Се вчитува...