„Претседателот Ердоган ни нареди да не се враќаме на теренот“

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган наводно наредил фудбалерите на Башакшехир да не се вратат на теренот на мечот со Пари Сен Жермен. Фудбалерите на турскиот шампион го напуштија теренот по расистичкиот испад на четвртиот судија Себастијан Колческу, а на тоа им се придружија и фудбалерите на домаќините. „Светците“ беа подготвени да се вратат на теренот исто така и фудбалерите на Башакшехир, но според новинарот на „Скај спорт Италија“, Алесандро Алчиата, турскиот претседател тоа не го дозволил.

„Претседателот ни нареди да не се враќаме на теренот“, му кажал еден од фудбалерите на Башакшехир на фудбалер на ПСЖ.

 

Се вчитува...