Претседателот на Ајнтрахт за „Санчез Пизхуан“: Мики Маус стадион

Германскиот тим Ајнтрахт Франкфурт вчера по триумфот на пенали, го освои трофејот во Лигата на Европа. По регуларниот дел на дуелот со Глазгов Ренџерс беше 1:1, а така остана и во продоленијата. Херој беше голманот Кевин Трап кој одбрани пенал на Рамзи, но и во 118 минута со фантастична одбрана го спаси својот тим од пораз и му го донесе големиот трофеј.

Претседателот на Ајнтрахт, Петер Фишер даде интересна изјава околу стадионот на кој се играше натпреварот. Се шпекулира дека нешто помалку од 20 илјади навивачи вчера биле во Севилја, но дека на трибините имало место само за 43.883 лица.

„190 илјади навивачи нема да може да дојдат на овој Мики Маус стадион“, рече Фишер.

Пред натпреварот дојде и до судир меѓу навивачите на двата тима, во кој се користени и столици, шипки, корпи за отпадоци, а неколку лица се повредени.

Се вчитува...