Претседателот на Атлетико: Куртоа треба да замолчи

Претседателот на Атлетико Мадрид Енрике Серезо, врати на прозивките на голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа кој по елиминацијата во Лигата на шампионите рече дека Атлетико само „плачат“ и дека му е повеќе смачено од нивните „плачења“.

Серезо рече дека плочата на Тибо Куртоа на стадионот нема да биде отстранета, и покрај овие прозивки.

„Тибо Куртоа треба да замолчи. Тој треба да биде благодарен што играше во Атлетико. Тој е одличен голман, но треба да биде господин како нас. Ние сме господа и нема да ја отстраниме плочата на Куртоа“, рече Серезо.

Се вчитува...