Претседателот на Франција ја отвори „куќата на ракометот“ и ги испрати „експертите“ на СП

Репрезентацијата на Франција како актуелен светски шампион и еден од големите фаворити за новата светска круна на СП во Германија и Данска беше испратена со нависоки почести.

Симболично пред стартот на 26. Светско првенство, во париското предградие Кретеј беше организирано свечено отворање на националната „куќа на ракометот“ на кое присуствуваше и претседателот на Франција, Емануел Макрон.

„Ви благодарам на досегашните резултати на кои сме изклучително горди. Сметаме на вас кои секогаш не правите горди. Ја имате нашата поддршка“ –им порача претседтаелот Макрон на француските репрезентативци и на селекторот Дидие Динарт.

Франција е шесткратен светски шампион и победник на последното СП во 2017 на кое беше домаќин. На претстојното СП во Германија и Данска, Французите ќе настапат без најголемата ѕвезда Никола Карабатиќ кој го пропушта Мундијалот поради повреда на стапалото. Во првата фаза на СП, Франција ќе игра во групата А во Берлин со селекциите на домаќинот Германија, Бразил, Србија, Кореја и со Русија.

Се вчитува...